Месечина

from by Foltin

/

lyrics

МЕСЕЧИНА

Кај ме зеде на око
Превртлива месечино
Ме одбиваш - ме примаш
Осека и плима
Светилник на ова изгаснато небо
Само ме навлекуваш
Намигнуваш
Исчезнуваш

Кај ме зеде на око
Колеблива месечино
Те нема - па те има
Осека и плима
Светилник на ова изгаснато небо
Само ме навлекуваш
Намигнуваш
Исчезнуваш

Превртлива месечино
Се вртиш геоцентрично
Превртлива месечино
Се вртиш егоцентрично
И мене ти ме вртиш
Сонцето е трик
Никола Коперник е заебан лик

Светилник на ова изгаснато небо
Само ме навлекуваш
Намигнуваш
Исчезнуваш

credits

from МОМÓMA, released April 18, 2019
Албум: МОМÓМА
автор: ФОЛТИН

Бранислав Николов – глас
Пеце Трајковски-Брада – гитара и сајзер
Гоце Јованоски – бас
Славчо Јовев – тапани
Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника

гостин на песната: Петар Димитровски – клавијатури

снимател – Гоце Јованоски
Центар за култура – Битола, декември 2018

микс и мастеринг – Ивица Јанкуловски-Штраф
Студио АЛШАР, Скопје (декември 2018 - јануари 2019)

дизајн: Ангел

Издавач: H * M * A

license

all rights reserved

tags

about

Foltin Macedonia

Foltin's music is hard to define, sounds unpredictable and challenging: surreal, passionate and witty, dynamic and full of surprises, blending many genres

contact / help

Contact Foltin

Streaming and
Download help

If you like Foltin, you may also like: