Слободната љубов

from by Foltin

/

lyrics

Ако ја укинат слободната љубов
За првиот бакнеж ќе мора да платиш
Ќе дадат малку попуст на брачната нежност
Во љубовата со данок на додадена вредност.
Ако ја укинат слободната љубов
Кога веќе љубиш мора транспарентно
Ќе нема слатки тајни, неверства и кавги
И скршени срца ќе има многу ретко
Во љубовта со данок на додадена вредност.

Ако ја укинат слободната љубов
За украден бакнеж скапо ќе платиш
Ќе биде тежок престап тајната нежност
Во љубовта со данок на додадена вредност.
Ако ја укинат слободната љубов
Кога веќе љубиш мора да е чесно
Ќе нема слатки тајни, неверства и кавги
И скршени срца ќе има многу ретко
Во љубовта со данок на додадена вредност.

credits

from Пијан Славеј, released March 15, 2015

license

all rights reserved

tags

about

Foltin Macedonia

Foltin's music is hard to define, sounds unpredictable and challenging: surreal, passionate and witty, dynamic and full of surprises, blending many genres

contact / help

Contact Foltin

Streaming and
Download help

If you like Foltin, you may also like: